Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје - 11, Куманово - 4, Тетово - 1 и Велес - 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58) и пациент од Скопје (47) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Тетово (41), хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје - 14, Куманово - 2, Штип - 4, Прилеп - 1, Тетово - 2, Струга - 1, Велес - 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.039, бројката на оздравени пациенти е 1.470, на починати е 119, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје - 747, активни 210

• Куманово - 438, активни 33

• Дебар - 51, активни 0

• Штип - 50, активни 15

• Прилеп - 211, активни 47

• Тетово - 179, активни 70

• Струга - 77, активни 9

• Велес - 128, активни 40

• Битола - 28, активни 7

• Охрид - 23, активни 8

• Кавадарци - 5, активни 0

• Гостивар - 22, активни 4

• Гевгелија - 4, активни 0

• Струмица - 3, активен 1

• Крива Паланка - 6, активни 0

• Радовиш - 4, активни 0

• Крушево - 3, активни 0

• Кочани - 31, активни 0

• Пробиштип - 2, активни 0

• Кичево - 2, активни 0

• Неготино - 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар - 1, активни 0

• Македонски Брод - 2, активни 0

• Пехчево - 3, активни 0

• Делчево - 1, активни 0

• Валандово - 1, активни 0

• Виница - 3, активен 1

• Кратово - 2, активен 1

• Берово - 1, активни 0

• Свети Николе - 1, активен 1

Направените 622 теста се преку: ИЈЗ - 278, Ветеринарниот факултет - 24, „Авицена“ - 20, „Биотек“ - 48, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) - 79, „Систина“ со PCR-метода - 54 и МАНУ - 119. Досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 251 тест се во рамките на скринингот во градинките и геронтолошките установи. Тестирањата се направени преку центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и во Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скринингот направени се 2.680 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 7, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и во Охрид хоспитализирани се 40 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.