Скопјани и битолчани најголеми прекршители на полицискиот час

Од 22 март до утрово во пет часот, кога престана да важи полицискиот час, полицијата регистрирала вкупно 4.873 лица кои не ги почитувале мерките за ограничено движење.

 

Вкупно 3.110 од нив биле приведени, а поднесени се пријави против 3.412 прекршители, извести денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

„Најголем дел од оваа бројка отпаѓа на територија на главниот град и на Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните кои потпаѓаат под секторите за внатрешни работи на Велес и Куманово“, рече министерот Чулев.

 

Во однос на мерките за почитување на изолација и самоизолација поднесени се вкупно 127 кривични пријави за 165 кривични дела против 169 сторители.

 

Министерот Чулев најави зајакнати контроли за носењето заштитна маска и одржување дистанца, мерки кои остануваат на сила и по укинувањето на полицискиот час.

 

„Ќе биде зголемена контролата од полицијата, од тоа зависи здравјето на граѓаните и олабавување на мерките од Владата“, објасни министерот Чулев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.