Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјава е регистрирана првата смрт на здравстветен работник, како последица од коронавирусот.

 

Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски роден во струшкото село Подгорци.

 

Како што информираат од Фармацевтската комора на Македонија, тој се заразил со Ковид-19, извршувајќи ги своите професионални должности, пружајќи здравствена помош, на свото работно место, во аптека.

 

Во соопштението кратко се посочува дека комората загубила почитуван член, фелата драг колега, а пациентите посветен здравствен работник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.