Властите апелираат граѓаните што побрзо да ја преземат мобилната апликација СтопКорона

„Во услови на олабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата“, се наведува во соопштението.

 

Во него се објаснува дека апликацијата СтопКорона, брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на најблиските.

 

Граѓаните апликацијата може да ја преземат на следниов линк

Од Министерството за информатичко општество ги повикуваат сите граѓани неодложно да ја инсталираат апликацијата СтопКорона.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.