СДСМ: Состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита

Состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, соопштија од СДСМ, откако нивни членови објавија дека се позитивни на коронавирус или дека се во самоизолација.

„Во однос на активни случаи со коронавирусот, СДСМ ја информира јавноста дека по извршените тестирања потпретседателот Мухамед Зеќири и членката на ЦО, Сања Лукаревска имаат позитивен тест на Ковид-19. Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска“, соопштија од партијата.

По напрaвените тестирања, од СДСМ велат дека Царовска и Манчевски имаат негативни резултати, но остануваат во самоизолација согласно препораките.

„СДСМ од почеток на пандемијата на дело покажува што е одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец. Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна и последователна лична дезинфекција. Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама“, велат од СДСМ.

Од партијата апелираат сите граѓани без исклучок да ги почитуваат мерките и задолженијата за спречување на ширење на заразата. Само на тој начин, велат од СДСМ, ќе го заштитиме личното, но и јавното здравје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.