Мисајловски: Изборите сега се лудост

Денеска Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на новозаразени луѓе со Ковид-19 и луѓе кои ги загубија своите животи. Во ваква една тешка ситуација претставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој обвини дека Заев не само што е главен фактор за кризата поради неспособноста на неговата влада да ја менаџира, туку тој со неговите изборни активности станува и извор на кризата со корона.

„На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности“, рече Мисајловски.

За датумот 5 јули што го наведе Заев, Мисајловски кажа дека не е време да нафрлаат бројки за избори.

„Како што знае и јавноста ние имавме канал за комуникација, но реалноста е сосема поинаква сега, кога пола партија на СДСМ е во изолација, јас им посакувам навистина добро здравје на сите и на нив и на нивните семејства, не е време за ваква работа. Не е време да нафрламе бројки кога ќе има избори или слично, сега време е сплотено сите заедно во државава да се посветиме кон здравјето на граѓаните и ништо повеќе“, рече тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.