Министерство за здравство: Со давање на лажни податоци се доведувате во опасност себеси и најблиските

Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.

Посебно се апелира сите граѓани да им даваат на надлежните институции вистинити и точни информации, а од МВР се бара поинтензивно да врши контроли на терен.

„Сите, без исклучок, мора да се придржуваат до препораките и целосно и вистинито да им ги даваат на  надлежните сите информации. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој ќе се заштити од болеста, напротив  така се доведуваат во голема опасност и себеси и најблиските. Апелирам уште еднаш до МВР поинтензивно да се вршат контроли на терен“, посочи Филипче на вчерашната прес-конференција.

Здравствените власти нагласуваат дека почитувањето на мерките ќе овозможи побрз излез од здравствената криза.

„Да се воздржиме од групирање и да ја одржуваме потребната дистанца. Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често и да ги дезинфицираме рацете. Да бидеме внимателни. Да го заштитиме личното, но и колективното здравје“, повикуваат од ресорното министерство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.