Алијансата за Албанците: ДУИ ги злоупотребува администраторите како жив штит за политички интереси

Алијансата за Албанците ја обвини ДУИ дека пред избори се фали со новиот закон за администраторите.

„Речиси две децении на власт, а на ДУИ дури сега само пред изборите ѝ текна да се фали со новиот закон за администраторите?!

Ја потсетуваме владејачката партија дека многу студии од невладини организации зборуваат за централизирана администрација што им служи на владејачките партии за заштита на партиските интереси. Партија како вас, која прави сè за да ужива во власта со злоупотреба на работната сила што за вас се преведува само како глас и ништо друго!

Имаме преоптоварена администрација во која има луѓе што со години немаат ниту едно напредување во кариерата, а во истата администрација има и други луѓе што напредуваат за половина година со помош на партијата. Сè уште се соочуваме со етничка дискриминација затоа што, за жал, немаме ниту соодветна застапеност!

Граѓаните се презаситени од вашите предизборни приказни, на кои вие само им ги менувате насловите.

Наместо да се пофали, ДУИ треба да се срами што по сите овие години на власт, денес пред изборите излегува и зборува за правата што вработените во овој сектор би требало одамна да ги имаат.

Оваа одлука е во продолжение на политичките одлуки од изборен интерес и историјата докажа дека ДУИ не е во состојба да направи реформи и да ги спроведува законите што се појавуваат само на хартија. Со ДУИ на власт овој закон ќе продолжи да ја доживува истата судбина.

На нашата администрација ѝ се потребни радикални реформи, кои ќе придонесат за демократија и нормално функционирање на земјата, се наведува во соопштението на партијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.