Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

Бугарското Министерство за здравство издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за лица кои во државата влегуваат од Македонија.

 

Со истата наредба се прекинува 14-дневниот карантин за граѓани кои во Бугарија ќе допатуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

 

И двете промени се предложени од државниот здравствен инспектор по оценката за епидемиолошката состојба и ризикот од ширење на Ковид-19 во Бугарија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.