Петров: Со третиот пакет ја стимулираме приватната потрошувачка и ја помагаме домашната економија

Во последните 3 месеци не само на нас, туку и на целиот свет ни се случува најголемата криза. Од почетокот на здравствено - економската криза предизвикана од КОВИД - 19, СДСМ застана зад ставот дека најважно е брзи и навремени мерки. Па согласно тоа, стоејќи зад ставот дека заедно сме во целата оваа ситуација, започнаа разговорите со компаниите, работодавачите, банките, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, на онлајн дискусијата „Нова развојна македонска економија“.

„ Првиот сет економски мерки беа насочени кон компаниите кои беа први на удар односно транспортот, туризмот, угостителство. Вториот сет економски мерки беа насочени кон микро мали и средни компании, се со цел да се сочуваат повеќе работни места. Третиот економски пакет е поразличен од првите два, фокус е трансформација на македонската економија“ истакна Петров.

Потпретседателот Петров се осврна и на реализацијата на мерките со кои се обезбедуваат домашни платежни картички и ваучери за туризам со што ќе се зајакне приватната потрошувачка во наредниот период.

„ Платежни картички од 9.000 денари добиваат сите невработени лица активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош, по 3.000 денари ќе добијат младите лица и вработени со месечна примања до 15.000 денари. Најважно е што нема да има аплицирање, туку граѓаните директно ќе ги добиваат овие картички и ќе ги искористат. Преку оваа мерка им помагаме на граѓаните, но и помагаме и на домашната економија“, заклучи Петров.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.