Чулев: Дисциплински постапки ќе бидат покренати за полицајците кои дозволиле во Чаир луѓе да си пазаруваат во продавница

По тридневниот карантин во Скопје, Министерството за внатрешни работи ќе поведе дисциплински постапки за полицајците кои не ги казниле лицата во Чаир кои пазарувале во продавница. Неколку медиуми вчера јавија дека и покрај карантинот и забраната за движење во продавница во Чаир работи, а граѓаните влегуваат и си пазаруваат како во деновите без ограничување, иако полициска патрола стоела на само неколку чекори од продавницата.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека ќе преземат мерки за полицајците оти само тоа е нивна надлежност.

„За полициските службеници кои не постапиле во однос на лицата ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди нивна евентуална одговорност“, најави министерот Чулев.

Тој не кажа за колку полицајци ќе поведе дисциплинска постапка.

Нагласи дека локалните продавници добиваат дозволи за работа за време на полициски час од локалните кризни штабови, но дозволите не значат дека во дуќаните е дозволена продажба туку дека дозволено им е да работат само со достава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.