Пендаровски ќе прогласи вонредна состојба доколку партиите се договорат за нов датум за избори

Претседателот на државата Стево Пендаровски е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, доколу за тоа има консензус од сите политички субјекти, информираат од неговиот Кабинет.

 

„Ова ќе се случи само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“, се наведува во соопштението.

 

Засега договор меѓу партиите нема, а според изјавите на лидерот на СДСМ, во ваков случај останува 5 јули како датум за избори бидејќи по завршувањето на вонредната состојба во сабота, тогаш истекуваат 22 дена за којшто период треба да се одржат изборите.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција порача дека за неговата партија прифатливи се избори кон средината на јули, доколку претходно се воспостават јасни протоколи за здравјето на граѓаните и се овозможи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна на изборите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.