Чулев објасни зошто неговото семејство е во министерската вила во Охрид

Вилата на Министерството за внатрешни работи во Охрид, која функционерите во министерството ја користат за службени потреби, изминативе денови е престојувалиште за семејството на техничкиот министер, Наќе Чулев.

Тој кажа дека неговата сопруга со двете деца се во министерската вила, укажувајќи дека требало и тој да им се придружи.

Станува збор за одделен објект од одморалиштето на МВР кое можат да го користат и вработените за службени потреби или пак, приватно да изнајмат соба за која ќе платат паричен надомест, кажа Чулев.

„Се работи за објект на Министерството за внатрешни работи, не е владин објект, тоа е објект на МВР, кој што се наоѓа во Охрид и каде во моментот на три дена престојува моето семејство и јас требаше да им се придружам, меѓутоа не им се придружив. Тоа е објект кој што е на располагање заедно со одморалиштата на Министерството за внатрешни работи и кој што може да ги користат вработените и менаџментот на МВР“, рече министерот.

Министерската вила во Охрид досега се користела од сите министри за внатрешни работи кога се пречекувале високи странски претставници, како министри, премиери, амбасадори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.