Заев од Дојран: Го чуваме езерото и вложуваме во еко-држава

До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран во вредност од 60 милиони денари, а со финализација на изградбата на браната Конско ќе се обезбеди навремен дотур на вода до Дојранското езеро, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната посета на градот.

„Важно е да се чува еко-средината во езерото и околу езерото, за да имаме развој на туризмот во Дојран“, нагласи тој.

При посетата Заев направи увид во изведба на градежни работи за изградба на научно едукативен центар во Дојран, финансиран од ЕУ во вредност од 5 милиони евра, како и на градежните работи за партерно и хортикултурно уредување на градскиот парк.

„Проектот Еко држава е петтиот важен столб во програмата на СДСМ и коалицијата 'Можеме' и првите две години од мандатот ќе бидат посветени на планско, но и интензивно зазеленување на државата“, заклучи Заев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.