Николовски: Парите ги носиме кај граѓаните, а не на Белизе

Со чесно и домаќинско работење го вративме достоинството на граѓаните, ја зголемивме вредноста на трудот, ги враќаме парите кај граѓаните, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ и носител во третата изборна единица, Љупчо Николовски.

„Имаме план за уште повисока минимална плата до 20.000 денари, тоа е за 120 отсто повисока плата од мизерните и срамни 9 илјади кои ВМРО-ДПМНЕ ги одвоија за минимална плата“, нагласи тој.

Додаде дека ќе расте и просечната плата до 34.000 денари, а како што рече, ќе растат и пензиите.

„До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 проценти“, посочи Николовски.

„Изборот е јасен, разликата е видлива. Од една страна е концептот на СДСМ и парите кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која парите од граѓаните ги носи на Белизе“, кажа тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.