Царовска на средби во Аеродром и Центар: Минималната пензија ќе порасне на 10.700 денари

Носителката на листа на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во Изборна единица 1, Мила Царовска вечерва се сретна со пензионерите од Аеродром и Центар. Таа најави зголемување на минималната пензија на 10.700 денари ако СДСМ освои нов мандат, но и потсети што направила Владата предводена од СДСМ  изминатиот период да го реформира пензискиот систем.

„Како министерка за труд и социјална политика наследив целосно срушен пензиски систем којшто ако не го реформиравме ќе беше доведена во прашање не само исплатата на пензиите на сегашните пензионери, туку и на идните прнзионери. Вие како пензионери добро знаете како ВМРО-ДПМНЕ дрско манипулираше со пензионерите и ад хок, надвор од законската рамка незначително ги зголемуваше пензиите.Како одговорна партија којашто се грижи за сите граѓани, СДСМ покажа дека се грижи и за повозрасните. Во јануари годинава ги зголемивме пензиите на 324 илјади пензионери за 722 денари. Ова зголемување влегува во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки, коишто влегуваат во основицата на пензиите и дополнително законски ги усогласуваме”, рече Царовска.

Ова зголемување, додаде, ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки.

Царовска кажа дека со последната пензиската реформа е исправена неправдата којашто претходната власт им ја нанела на 12.000 лица.

„На овие осигуреници им беше скратено правото на повисока пензија, бидејќи нивните придонеси се уплаќале само во првиот столб во периодот од 2006 до 2018 година. Со 19 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија, ги обесштетивме овие граѓани на кои поради негрижата на ВМРО ДПМНЕ, директно им се скратува ше правото да остварат повисока пензија”, рече Царовска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.