Филипче: Лесната форма на болеста може да се лекува дома, но при влошување пациентите да се упатат во болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови, тоа секако треба да биде под контрола на матичен лекар, но при влошување на состојбата треба навреме и веднаш пациентите да се упатат на болничко лекување.

„Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови под контрола на матични лекари. Но, многу е битно да знаат граѓаните дека и при најмало влошување на состојбата, по препорака на матичен лекар, пациентите треба да се јават во болница. Има болнички капацитети“, изјави Фипилче.

Министерот истакна дека огромен дел од смртноста кај заболените пациенти е поради тоа што доцна се јавуваат на болничко лекување и дури 50% од смртните случаи се по првите неколку денови од приемот во болница. Поради тоа е неопходно по влошување на симптомите, пациентите веднаш преку матичен лекар да се јават за болничко лекување.

„Има многу  случаи во коишто има влошување на состојбата во домашни услови, има влошување на состојбата и додека се пациентите во болница. Мора да знаат сите дека и најмало влошување треба да се земе крајно сериозно, треба да е сигнал за да се хоспитализира пациентот“ – изјави Филипче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.