Мицкоски: Во градовите нема со кого здраво да се направи, да си ги вратиме децата дома со силна економија

Следниот четиригодишен мандат можеби ќе биде најдобриот мандат, затоа што точно знам како до крајот на истиот да се дојде до најмалку 25 проценти повисока просечна плата, рече на собир во Пласница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

„Ветуваме најмалку 20 проценти покачени пензии и враќање на старото законско решение. Најмалку 1.000 километри реконструирани локални и регионални патни правци. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, 0 проценти данок за вработување на млади до 29 години. Да си ги вратиме децата дома. Празна е Македонија, не само селата, сега и градовите се празни. Немате со кого здраво да направите. За земјоделците се предвидени најмалку 460 милиони евра субвенции и загарантиран откуп и за лекарите реконструиран и реновиран здравствен систем“, кажа Мицкоски во однос на дел од предизборните ветувања.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на 15 јули да го заокружат бројот 14 за Игор Дурловски, бидејќи како што кажа, тоа е човек што ја љуби Македонија и ги почитува соседите и граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.