Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопати, експресни патишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на 5 нови патнички возови

Патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис секторот. Оттука ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети.

Клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проширување на патот Гостивар-Тетово со што би се добил современ автопат, Изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско-Прилеп, експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш и др.

Дополнително ќе се изработи проектните документации за автопатот Гостивар-Кичево, експресниот пат Струмица-Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и др.

Во делот на железничката инфраструктура се предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка- Деве Баир,но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.