Лукаревска во Гази Баба: Нема монтирани случаи, сите тефтерчиња на подобни и неподобни се искинати

Ние мораме и можеме да воведеме ред, дисциплина и правда, правната држава ќе функционира. Нема монтирани случаи, нема закани со ендеци, сите тефтерчиња на подобни и неподобни се искинати, рече вечерва на трибината во Гази Баба носителката на изборната листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска.

Лукаревска рече дека СДСМ ќе работи и на менување на перцепцијата за јавната администрација.

„Нема вечни раководители, на младите луѓе ќе им дадеме шанса да напредуваат, администрацијата ќе им служи на граѓаните“, рече Лукаревска.

Таа истакна дека СДСМ во наредниот пат ќе се посвети на борбата против криминалот и корупцијата.

„ Ќе почнеме преговори со Унијата, нашата заложба и цел се веќе реалност, а на оние што не веруваа, сега им е многу криво. Затоа, на 15 јули ќе победиме заедно со вас затоа што знаеме и можеме“, рече Лукаревска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.