Села: 500 милиони евра за ревитализација на албанските населби

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и кандидатите за пратеници од шестата изборна единица, денес престојуваа во населбите на Општина Теарце. Овие населби долго време имаа проблеми со водата за пиење. Овој проблем е особено актуелен за време на високите температури во текот на летните денови.

Носителот на списокот и Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села зборуваше за овој феномен и за многуте проблеми на албанските села, на кои им недостасуваат основни услови. Села истакна дека во програмата „Држава за сите“ на победничката коалиција АА- ААА се предвидени инвестиции од 500 милиони евра само за албанските населби.

„ Ние ќе бидеме имиџ на политичарот кој ќе биде избран и го исполнува тоа што го ветува. Никој од нас нема да слушне празни зборови и големи позиции затоа што нашето политичко дејствување не е само за поединецот како индивидуа. Нашата политика е поврзана со проблемите, проблемите на Албанците, каде и да се. Во нашата програма ќе видите, предвидени се 500 милиони евра инвестиции за 4 години власт директно за ревитализација на албанските населби“, истакна пред жителите на Нераште и Доброште, Зиадин Села од коалицијата АА-ААА.

Села објасни дека програмата е направена директно од барањата и загриженоста на граѓаните, бидејќи пред неколку месеци тој самиот ги поминал сите албански села, каде разговарал со жителите на секое село. Ова, објасни тој, е направено со цел внимателно да се допрат сите проблеми на граѓаните.

Голем проблем за жителите од оваа област е феноменот на концесија на водните ресурси, за приватните хидроцентрали на луѓето блиски со партијата што е на власт веќе 18 години.

„ Во секоја албанска населба инфраструктурата е направена со приватна иницијатива и воопшто не од државата и инвестиции од државата. Проблемите на Албанците во многу населени места се средновековни. Светот ги реши овие прашања уште од средниот век. До денес, Албанците сè уште страдаат од вода за пиење овде во вашата општина. Во овие високи температури неделава минува и немате капка вода. Немате капка вода затоа што ние погрешно избравме политичари, кои биле заинтересирани за деловни и лични придобивки. Затоа што пред да обезбедат вода за пиење тие имаат обезбедено концесии за своите роднини, без да ги прашаат жителите на овие делови и денес тие сее проблемот “, потенцираше Села во Першевце и Теарце.

Средбите со граѓаните на Општина Теарце завршуваат со митинг во Слатино. Граѓаните од овој круг веруваат во понудата на коалицијата АА-ААА бидејќи знаат дека „Сега е време“ да се донесе долгоочекуваната промена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.