Спасовски од Гази Баба: „Космос“, кој го рушеа, воскреснува, режимот што рушеше е минато, ние градиме

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечершното обраќање во Гази Баба направи споредба на политиките на насочување на парите кон граѓаните и градење на инфраструктурата во сите средини и региони, што е одлика на СДСМ за време на тригодишниот период кога ја има одговорноста да ја води Владата и на владеењето на режимот со крадење и рушење во мрачното минато.

„Покажуваме дека успеавме да го срушиме режимот и да ја ставиме државата на прав пат. И, оттука, ја праќаме пораката - никогаш повеќе режим да ја руши и краде државата.

Покажавме дека знаеме да градиме пријателства мостови, институции, инфраструктура, партнерства.

Ако излеземе и погледнеме десно, ќе го видиме како воксреснува „Космос“, што го рушеше режимот. Тоа беше личен хир на Груевски и Јанакиески. Додека тие рушеа, денес се гради“, рече Спасовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.