Николовски од Крива Паланка: Со СДСМ се градат патишта и водоводи насекаде

„Се наоѓаме на влезот на Крива Паланка каде се гради експресниот пат Крива Паланка - Ранковце во должина од 23 километри.Источниот регион е добар пример за тоа дека кога се работи има резултат. Единаесет години ВМРО-ДПМНЕ го маргинализираше, го осиромашуваше, буквално го уништи. За само две и пол години, на истокот му се врати сјајот. Далеку од тоа дека се сме направиле, има уште многу работа пред нас. Но можеме уште повеќе и уште подобро“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3.

„Не потпаѓајте под лагите драги луѓе. Затоа ги викаат фејк-њуз ВМРО. Мицкоски лаже за некакви фусноти, Николоски лаже дека ќе се затворале фабрики, Јанушев покрај криминални афери, сега гледаме дека е и насилник и за жените зборува без грам човечност!Гледајте ги фактите и реалноста. Ние сме македонски народ, со македонски јазик кој никогаш не бил повеќе признаен низ светот, во членка на НАТО и држава која влегува во ЕУ.

Замислете само неколку години нанапред кога ќе ги жнееме плодовите од сето ова. Уште невлезени во ЕУ, ние веќе почнуваме да одиме напред, а ќе одиме уште побрзо со отворање на врати кои за нас отсекогаш ни биле затворени. Тоа било за секоја земја членка на ЕУ, ќе биде и за нас.Тоа е иднината. А сегашната реалност е дека го изградивме и го пуштивме во употреба автопатот Миладиновци-Штип, патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период“, додаде тој.

Николовски рече дека се градат 260 километри автопати и 300 километри експресни патишта.

„Градиме 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци.Се проширува патната и граничната инфраструктира на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Овде во Крива Паланка го градиме патот Крива Паланка –Деве Баир, и експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.Се гради насекаде, нема привилегирани региони.

Ја гасифицираме земјата. Влегуваме во завршницата на реализацијата на гасоводните магистрали, и продолжуваме додека не донесеме гас во секој дом. За да имаме пониски сметки за греење, за да имаме почист воздух.Иднината е зелена, самоодржлива и енергетски ефикасна. Иднината е паметна.Внимавајте кому ќе го дадете вашиот глас. За иднината се работи. Сакаме заедничко општество, еднаквост или сакаме да вратиме насилници на власт кои ќе ни прават списоци и ќе не држат во несигурност и страв.

Гласаа против зголемување на минималната плата. Во нивно време беше 9.000 денари. Сега е 14.500, а ќе ја покачиме на 20.000 денари во следниот мандат. Не го запирајте прогресот драги пријатели.Можеме уште повеќе и уште подобро“, додаде тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.