Филипче: Целосно реновирана Клиниката за пластична хирургија

Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана, објави на социјалните мрежи, министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека комплетно се обновени хируршкиот инструментариум, апаратурата за електро хирургија, неуростимулација и друга специфична апаратура.

„Третманот на пациентите и квалитетот на услугата е подигнат на високо ниво согласно највисоката медицинска пракса. Со ова, исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација“, нагласи Филипче кој додаде дека Владата предводена од СДСМ за многу краток период направила вистински пресврт во јавното здравство при што подобрeни се условите во 32 јавно-здравствени установи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.