Јанушев: Ќе изградиме европска патна и железничка инфраструктура

Се обврзуваме на реконструкција на сите државни патишта, дополнително ќе ја завршиме изградбата на експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш кои беа почнати во време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, порача генералниот секртар на оваа партија, Игор Јанушев.

https://www.facebook.com/i.janusev/videos/682002532384405/

„Во делот на североистокот, од Ранковце до Крива Паланка ќе изградиме исто така експресен пат што ќе значи заокружување на Коридорот 8 на делницата помеѓу Скопје и Софија. Ќе ја разгледаме можноста и за отворање на граничниот премин 'Црна скала' и поврзување на Македонија со Бугарија преку нов граничен премин кај Делчево“, посочи Јанушев.

Најави и отворање на граничниот премин премин Клепало - Сандански со што, како што наведе, Берово ќе добие директен линк со котлината на река Струма и автопатот Софија-Солун.

„Градежната офанзива значи и реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта, проект на кој се обврзуваме. Квалитетното железничко поврзување исто така ќе биде наш приоритет. Ќе ја завршиме пругата од Куманово до Деве Баир, но и ќе набавиме нови возови“, посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Македонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.