Арсовски: Од снимките за Заеви дознавме за мафијашки сценарија какви што нема ни на филм

Мафија владее со Република Македонија, а вчера објавените аудио материјали тоа најдобро го потврдуваат, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Бевме сведоци и ние и целата јавност како член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот, човек најверојатно со сомнително минато, а не академско, кажува јасно и гласно дека добил зелено светло директно од Вице Заев, брат на Зоран Заев, да запали автомобил на некој кој не е член на СДСМ, само и само да го потисне и да му упати порака со закана и не само него, ами ќе ги потиснел и сите други кои што не биле за СДСМ“, објасни партискиот портпарол.

Арсовски додаде и дека доколку се преслуша целиот објавен материјал се доаѓа до заклучок дека кланот Заеви освен што давал зелено светло за палење автомобили, давал и црвен картон, односно блокирал други бизниси кои им биле конкуренција на нивните.

„Овој материјал е големо сведоштво за начинот на мафијашко владеење на Зоран Заев, Вице Заев и целата фамилија Заеви“, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, според кого во изминативе три години биле запалени над 50 автомобили во државава.

„Да потсетиме дека беше запалена семејната куќа на потпретседателот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во моментот во ИЕ 2 Мисајловски, беше фрлена бомба во семејниот дуќан исто така на Мисајловски, беа демолирани автомобили на видни членови на партијата, што веќе е очигледно и јасно кој ги издал сите овие наредби“, кажа Арсовски и нагласи дека тоа што се слуша на материјалите го нема ниту во мафијашките филмови, па затоа повика граѓаните ќе го дадат финалниот одговор на 15 јули.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.