Шекеринска: Следниот мандат одиме на едноцифрен процент на невработеност

На 15 јули граѓаните ќе изберат минималната плата да изнесува 20.000 денари, просечната плата да порасне до 34.000 денари, пензиите да продолжат да растат и ниту една пензија да не биде пониска од 10.700 денари, порача во Кичево Радмила Шекеринска од СДСМ.

„Граѓаните ќе изгласаат да се зголеми прагот на поврат на ДДВ од 7.200 денари за секој граѓанин на годишно ниво на 9.600 денари. На 15 јули граѓаните ќе гласаат и за зголемуваање на субвенциите од 160 милиони на 200 милиони евра за развој на нашето домашно земјоделие. Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта и 950 километри локални патишта низ цела држава. 2,5 милијарди евра од европските фондови“, нагласи Шекеринска и додаде дека ова ќе бидат европски пари кои ќе ги донесат европските стандарди дома.

Порача и дека невработеноста ќе продолжи да се намалува по 3 проценти секоја година се додека таа не добие едноцифрена вредност.

„Ќе покажеме што значи економски патриотизам на дело и како вистински се сака татковината“, истакна Шекеринска во Кичево.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.