Jанушев: По 15 јули ќе го донесеме законот за проверка на имот на политичарите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 3, Игор Јанушев ја посети општина Кочани каде што оствари средби со бизнис заедницата од општина Кочани.

„Веќе остваривме неколку средби со бизнис заедницата на општина Кочани направиме една интересна средба со младите во општина Кочани пораката е иста од секаде прекуглава му е на народот буквално без разлика дал е обичниот народ дали е земјоделецот дали е стопанственикот дали се младите во прашање, преку глава има е од СДСМ од лагите од манипулациите од криминалот преку глава им е од Зоран Заев и Љупчо Николовски, немаат што да понудат освен криминали рекети, куферчиња полни со милионски суми на пари, наместени тендери збогатување преку ноќ“, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека на сето тоа му доаѓа крајот по 15 јули.

„И на тоа му доаѓа крајот на 15 јули победува обновата, на 15 јули конечно формираме влада ВМРО -ДПМНЕ ќе биде предводник на таа влада ќе го донесеме законот за проверка на имот на политичарите а кога ќе го донесеме тој закон ќе видиме дали и кој ќе остане на политичката сцена во република Македониј“,додаде Јанушев.

Според него, сето она што се случувало во изминатите три години ќе го остават во минатото бидејќи следува обнова на Македонија.

„Се ова што имавме прилика да го видиме изминатите три години ќе го ставиме во историјата а дефинитивно сите тие што се огрешија што ги правеа криминалите ќе завршат онаму каде што им е местото“, истакна Јанушев.

Тој порача дека насекаде во Македонија на младите им е потребна надеж и просперитет и дека сето тоа доаѓа по 15 јули со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што денеска младите го порачаа во Кочани она што го порачуваат буквално насекаде во Македонија е дека на младите им треба потребно им е надеж за подобра иднина на младите им треба обнова на Македонија. На целиот македонски народ им треба да се врати достоинството, треба ние македонците да се осеќаме како граѓани од прв ред да бидеме горди што сме македонци тоа и ќе го направиме, една од целите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Јанушев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.