Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот на СДСМ на Централната трибина на караванот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во Скопје

„На 15 јули да не бараме изговори дека не зависи од нас, зависи од секој. Буквално од секој полнолетен граѓанин на оваа наша земја. Патот се чува, но и патоказот и правецот се дава. Се дава исклучиво, од вас граѓаните“, порача Заев повикувајќи ги граѓаните на масовна излезност на 15 јули.

Осврнувајќи се на понудата од опозицијата Заев порача дека таму нема ништо освен црнила и негативна кампања, без реална понуда за граѓаните.

„Се што ВМРО-ДПМНЕ направи во овој период беше кочење, манипулации, лажни вести, немаат што да понудат низ сите овие години, и добро е таа партија да се реформира, да работи за младите за иднината, не само за свои интереси“, истакна Заев.

Претседателот Заев ги повика граѓаните да продолжат да го негуваат концептот Едно општество за сите, да го чуваат единството а тоа ќе го направат преку глас за бројот три за глас за СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

„На 15 јули, сите ние да гласаме за единство, да гласаме за бројот три за Можеме, за уште повеќе, за уште подобро, Скопје и за сите граѓани, за победа на изборите“, повика Заев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.