MЗ: Нова операциона сала и болнички оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

На почетокот од оваа година е пуштена во употреба новата операциона сала, како и новиот болнички оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, велат од Министерството за здравство.

Како што нагласуваат, салата е една од најсовремените операциони сали во земјава и регионот и ги исполнува највисоките стандарди за давање на квалитетна здравствена услуга на граѓаните. Просторот претходно бил целосно запуштен и воопшто не се користел.

„Салата е изградена од темел и опремена е со најсовремена медицинска опрема. Во изминатиот период ги подобривме условите во повеќе од 30 јавно-здравствени установи. Спроведуваме политики кои овозможуваат квалитетно и модерно здравство за сите граѓани во Република Северна Македонија“, велат од Министерството преку соопштение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.