Претпладне сончево, попладне со услови за дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во источните и понекаде во северните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи.

 

Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

 

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, само понекаде во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.