В сабота и недела невреме со пороен дожд и град

Под влијание на продор на атмосферски фронт, в сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Според најавата, локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.

 

Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали.

 

Услови за локална нестабилност со послаб интензитет ќе има и во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура, соопшти УХМР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.