Лозановска: Бројките го демантираат Филипче, бројот на новозаболени е над 10 проценти од тестираните

Бројките го демантираат Филипче, бројот на новозаболени е над 10 проценти од тестираните, а вкупниот број на заболени надмина 10 илјади, изјави Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Рече дека епидемијата ескалира, а бројот на новозаболени и починати се зголемува поради неспособноста на СДСМ.

„Бројот на заболени од корона вирусот надмина 10 илјади, а бројот на починати се движи кон 500. Наместо работа со цел да се постигне тренд на намалување на бројката на новозаразени, поитаa да се радуваaт на тоа што четири дена бројката на новозаболени беше под 10 проценти од бројот на тестирани лица. Секој сака тренд на намалување на новозаболени, на стабилизрање на ситуацијата, но за тоа треба да се работи. Дека нема потреба од радување покажуваат бројките“, изјави Лозановска.

Таа вели дека последната бројка на новозаразени во едно деноноќие повторно покажала дека бројот на новозаболени е повеќе од 10 проценти од бројот на тестирани лица. А болеста се појавува и во оние помали места каде ја немало досега, а и во дел од поголемите градови бројот расте.

„На пример, Битола од град со реалтивно малку заболени станува лидер во регионот со активни случаи заразени од КОВИД-19. За само две недели бројот порасна повеќе од двојно и вкупниот број е 114 лица позитивни, од кои 60 се активни. Но, за надлежните се е под контрола иако не знаат дали ова е пик на првиот бран или втор бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат. Во меѓувреме, граѓаните страдаат, секој се снаоѓа како знае и умее. А често, нема термини за испитување, па оние кои можат одат приватно да се тестираат, а што со оние кои не можат да го сторат тоа? Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот. Наместо решенија и креирање здравствена политика се фрлија на политикантство кое е недозволиво. Ако не знаат што да прават има кој знае“, додаде Лозановска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.