Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за една милијарда евра, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1623589234483196

„ Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Потрошени се нови една милијарда евра, ама нов автопат, нови градинки, училишта, болници нема. Но, има криминални избори и масовен поткуп.

Овие пари со кои нѐ задолжуваат сите нас, се парите кои се потрошени за корумпирање за избори, затоа што ништо друго не е изградено. Многу лесно може да се увидат ефектите ако целта вистински им беше справување со последиците од корона.

Денес е полошо споредено со април кога и предупредив на три можни црни сценарија во македонската економија. Еве првото се исполнува. Нѐ чекаат тешки времиња во македонската економија“ напиша на Фејсбук Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.