Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.

Направени се 1.507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19.

Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје -  23, во Струга - 11, во Штип - 10 и во Куманово и Охрид по осум.

Во Македонски Брод и во Гостивар се потврдени четири нови случаи. По три нови случаи има во Прилеп и Битола.

Во Дебар, Тетово, Велес, Виница, Свети Николе и Кичево се потврдени по два нови случаи, и по еден во Кавадарци и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од кои најголем број се од Скопје - 57 и Свети Николе - 10.

Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.