Сончево време со температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, информира УХМР.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на североисток. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а попладне со услови за појава на изолирана краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степени.

Од денеска преовладува сончево и потопло време претежно со попладневно зголемување на облачноста и со услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во средината на неделата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.