Ангеловска демантира дека ја подигнала заштедата од Еуростандард банка

Mинистерката за финансии Нина Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка, по информацијата дека банката ќе ја изгуби лиценцата за работење.

„Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. Потенцираме - промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка.

Во повеќе наврати беа пласирани лажни вести во обид да го нарушат угледот и репутацијата на министерката за финансии. Очекуваме дека медиумите кои се информатор на граѓаните и кои носат одговорност во вакви ситуации кога пласирале непроверена и неточна информација ќе делуваат навремено и истата ќе ја повлечат, а воедно ги охрабруваме слободно да ги проверат информациите од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)“, соопшти Министерството за финансии.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно изјавија дека Нина Ангеловска кога дошла на позицијата министер за финансии во својот Анкетен лист пријавила дека има депозит во вредност од 250.000 евра во Еуростандард банка. Тие ја запрашаа Ангеловска дали и пропаднале 250-те илјади евра, пари од заштеда кои самата ги има пријавено.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.