Викендов нестабилно време со пороен дожд и грмежи

За време на викендот се очекува времето да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 л за 3 часа), засилен ветер и појава на град.

Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.