Во Пехчево двајца новозаразени, веќе не е град без активни случаи на коронавирус

До вчера, Пехчево важеше за единствениот град во земјава, во кој нема активен случај на коронавирус.

 

Но ова се смени по објавувањето на вчерашната статистиката на Министерството за здравство, според која од 160 нови случаи, два се од Пехчево.

 

Со новите случаи, во овој град од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 8, но шестмина веќе се излекувани.

 

Според најновите податоци, најмногу активни случаи има во Скопје (986), Штип (293), Гостивар (264), Куманово (243), Струга (169) и Тетово (156).

 

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950 и првпат по речиси два месеца е под 3.000.

 

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 12.515, бројката на оздравени пациенти е 9.030, а на починати е 535.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.