Панова: Владата да ја повлече одлуката за враќање на родителите на работа

Владата да ја повлече одлуката за враќање на родителите на работа, додека не обезбеди услови во градинките и училиштата, побара пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

„Со последната одлука на владата да ги врати сите родители на работа, без притоа да обезбеди услови за згрижување на децата до 10 години, испраќа порака дека децата и нивната добробит не и се важни. Уште повеќе, не им е важна ниту состојбата на мајките со продолжено породилно отсуство или на мајките на деца до 6 години“, рече таа.

Инсистираме, додаде Панова, владата да ја повлече оваа избрзана одлука, да отвори јавна дебата и пред носење на нова одлука, да ги земе предвид барањата и потребите на родителите, и пред се во фокусот да биде грижата за добробитта на децата и семејствата.

„Избрзаноста и негрижата, како и целосно отсуство на реална слика на состојбите од страна на членовите на владата, се гледа во тоа што пред да ја донесе одлуката, оваа власт воопшто не водела сметка за бројот на децата до 6 години кои што не се запишани во градинка или згрижувачки центри, ниту пак се водела од вистинскиот капацитет- просторен и од аспект на човечките ресурси во градинките. Едноставно, во градинките нема место. Кратењето на продолженото породилно е и спротивно на предлогот на Комисијата за заразни болести која препорача отсуството да трае до крајот на годинава заради што мајките не ги запишаа децата во градинка“, рече Панова.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.