ВМРО-ДПМНЕ: Протест против мафијата на Заев и поскапа струја утре во 18 часот

Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци. Македонија има историски пад на БДП од 12.9%, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев. Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап.

Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сè е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ.

Утре (четврток), во 18:00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе почне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски", по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија, која дејствува  како продолжена рака на СДСМ и Заев.

Поскапа струја, сиромашен народ.

Се гледаме!“ порачаа од партијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.