Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која бара 100.000 евра, поради изнесени клевети и лаги за време на прес-конференција. Според Интегра, Мицкоски со неговото излагање му го нарушил угледот, авторитетот и честа на нивниот лидер, Љупчо Ристовски.

„Пораката е дека на јавна политичка сцена, секој, особено лидери на партии да престанат да сеат лаги и клевети и на тој начин да го разоруваат македонското национално ткиво. Длабоко вгнездените удбашки структури во ДП*НЕ веќе 30 години зад завеса ја раководат оваа политичка партија, која забрзано го губи приматот врз македонскиот национален стратегиски интерес. Интегра, со Божја помош, во налет го презема приматот, сигурно и неповратно“, објави партијата.

Доколку ја добијат судската постапка и оштетата од 100.000 евра, парите ќе бидат наменети за поддршка на здруженија за деца со пречки во развојот. Претходно, Ристовски изјави дека тужбата против Мицкоски е бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на прес-конференција кажал: „Имаме сериозни информации и докази дека финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се тука со мене, исто така, тие индиции, ги потврдуваат со сопствено сомневање, дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозицијата и да се поделат гласовите“.

Претходно, претседателот на Интегра побара Мицкоски да му се извини на него и партијата во рок од 24 часа, во спротивно, ја најави тужбата која денеска ја поднесе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.