Врховниот суд ја потврди 4,8 годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8 годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените 6 години од Кривичниот суд. Пресудата за предметот „Труст“ од Кривичниот суд беше изречен во јули 2018 година.

„ Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Во истиот предмет, условно осуден од Апелацискиот суд беше Василије Авировиќ, син на експратеничката Владанка Авировиќ, иако Кривичниот суд му одреди три години затворска казна.

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.