Mинистерот Маричиќ на средба со британската амбасадорка

 Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Обединетото Кралство во досегашните напори на Северна Македонија да изгради силни, транспарентни и ефикасни правосудни органи базирани на принципот на владеењето на правото.

Министерот истакна дека овој мандат ќе се фокусира на подигнување на етичките стандарди, одговорноста и транспарентноста на судството и обвинителството како клучни предуслови за зголемување на довербата на јавноста во правосудството и изрази очекување дека Обединетото Кралство ќе продолжи со силната поддршка за реформските процеси во Северна Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.