Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани - девет, во Струмица - четири, Куманово и Прилеп по три нови случаи.

По два случаја се потврдени во Виница и Свети Николе и по еден нов случај во Дебар, Тетово, Пробиштип, Пехчево и во Делчево.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент, и тоа од: Скопје - 21, Куманово - 3, Штип - 2, Тетово - 5, Струга - 6, Битола - 1, Гостивар - 4, Гевгелија - 2, Крива Паланка - 2, Радовиш - 3, Кочани - 6, Пробиштип - 2, Виница - 2, Свети Николе - 1, Кичево - 1.

Во болнички услови се починати четири пациенти, од Скопје двајца пациенти на возраст од 73 и 62 години, од Куманово пациент на 69-годишна возраст и од Тетово пациент на 72-годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.303.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и три мајки позитивни на Ковид-19, седум деца и седум мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се шест пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 17, а во болницата во Штип - 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 173 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 57

• Гази Баба – 77

• Аеродром - 107

• Карпош – 86

• Центар – 97

• Кисела Вода – 78

• Ѓорче Петров – 52

• Бутел - 30

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 9

• Сарај – 11

• Арачиново – 7

• Илинден – 28

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково - 2

• Странец – 7

• Нераспределен - 2





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.