Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура.

Таа вели дека штом Јанкулоска ја добила пресудата на Врховниот суд, по 10 минути дошла полиција за да ја спроведе.

„ Спроведувањето на Јанкулоска во Идризово е надвор од секоја законска процедура. Знам дека ништо нема да се промени со оваа изјава. Но таа мислам дека вчера околу 15 часот ја примила одлуката и по 10 минути се појавила полиција која и` кажала дека мора со нив во затворот Идризово. Таа е оневозможена да побара одлагање на казната по било кој друг основ, предвиден со закон. Таа нема примено упатен акт, за да е запознаена со терминот кога треба да се јави доброволно и да се спреми за во затворот Идризово”, рече адвокатката Алексиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.