Арсовски: Димова доделила 125.000 евра за проект „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ

Преку Еразмус + програмата доделени се  125.000 евра за проект насловен „Избери сирење“, кој е на братот на пратеникот Диме Велковски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој вели дека станува збор за втор прокет на братот на Велковски, по оној од над 83.000 евра за дресура на магариња.

„Доделени се 125.000 евра европски пари за проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето. Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?“, вели Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ бара јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, но и да се одговори дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите.

Арсовски порача дека Димова треба да си даде оставка веднаш. Тој потсети дека претходно беше обелоденето доделувањето на 270.000 евра на фризерница за проекти за медиумска писменост.  Рече и дека биле купени две луксузни возила од страна на Лидија Димова за луксузирање во вредност од 100.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.