Сончево со температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени

Во Скопје ќе биде претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 18 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Од сабота попладне се очекува зголемување на облачноста, а од недела кон крајот на денот и појава на врнежи од дожд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.