(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, во интервју за „Бгнес“.

„'Длабоката држава' во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија, вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност, во суштина, тие не се сите Македонци“, вели Георгиевски.

Тој вели дека југословенската историографија ја признала македонската нација како најмлада на Балканот, а дека Никола Груевски со антиквизацијата ѝ нанел тежок удар.

„Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија. Заев и Бојко Борисов треба да најдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување. Во Македонија се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени Уставот на Македонија, што не е точно, од друга страна, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за Македонија пред Европската Унија“, вели Георгиевски.

Тој вели дека има отпор во Македонија во однос на напорите да се дојде до договор околу историските прашања меѓу двете земји.

„Тоа е ситуација како кога Доналд Трамп се бори со невидливи структури. Многу добро се сеќавате дека кога бев премиер се борев на ист начин. Можам да кажам дека Зоран Заев и Стево Пендаровски како политичари даваат многу смели изјави за доближување кон Бугарија, но од другата страна има 40 професори кои велат дека преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат и дека Гоце Делчев е Македонец и дека не треба да се дозволува никакво поврзување на Гоце Делчев со Бугарија“, вели Георгиевски.

Георгиевски вчера во Софија имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Тој претходно најави дека ќе замине на турнеја за лобирање Бугарија да не ја блокира Македонија во преговорите со ЕУ.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.