Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во Штип и Струмица.

Тој рече дека болниците се преполнуваат, па се прават припреми за болницата во Козле и дополнителни капацитети за болицата „8-ми септември“. Во однос на штипската болница, министерот вели дека постои целосна координација и комуникација за префрлање на пациенти во болницата во Кочани. Во Струмица, пак, станало збор за отворање на новото крило на струмичката болница и надополнување на кадарот.

„Разговаравме постепено да се отвори новото крило на струмичката болница, кое е целосно опремено. За неколку дена може да биде ставено во функција. Таму има капацитет од 100 кревети, но кадарот треба да се распредели соодветно, за еден дел од пациените да бидат лекувани таму“, рече министерот.

Тој вели дека доколку произлезе потреба од ангажирање на уште повеќе кадар, ќе се пренаменат и другите болнички капацитети, не само во инфективните туку и во интернистичките одделенија, нешто што почнало да се практикува во болниците во Битола, Прилеп, Охрид каде пациенти се сместуваат на интернистичките одделенија.

Министерот потсети и дека се зголемени термините, но и бројот на тестови за Ковид-19. За време на викендот има дополнителни термини за тестирања,  а вработените работат во три смени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.